Владата вечерва ќе го разгледува Законот за Јавно обвинителство

од Aleksandar Todeski

Ноќна владина седница за Законот за Јавно обвинителство е закажана пред околу еден час, а на која треба да се разгледа предлогот на министерката за правда, Рената Дескоска.

Откако ќе помине на владина седница, законот ќе биде испратен во собраниска процедура.

Премиерот Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев, претходно во повеќе наварти најавија дека законот ќе оди на Влада и потоа на усвојување во Собранието штом биде услогласен и се обезбеди потребната двотретинска поддршка од пратениците за негово изгласување.

Власта очекува законот да биде усвоен во Собранието до 12 февруари за кога е најавено распуштање на актуелниот пратенички сотав и распишување на предвремените парламентрани избори на 12 април.

Слични содржини