ВМРО-ДПМНЕ: Кого владата на СДСМ упорно штити во автобуската несреќа?

од Vladimir Zorba

„Никој во државата не одговара за сомнежите дека автобусот кој изгоре во Бугарија при што животот го загубија 45 наши сограѓани превезувал високозапаливи течности – киселини, кои се користат за производство на хероин“, велат утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали тие киселини се причината поради која според очевидци на настанот силно горел автобусот, но и банкините на патот?

Зошто автобусот 140 пати поминувал граница без дозвола? Кој дозволувал 140 пати да се поминат сите контроли?

Зошто и по неколку дена од несреќата нема одговорност, ниту одговори од владата и институциите во земјава?

Кој во врвот на власта го штити Беса транс? Оставки веднаш!“, бараат од партијата на Мицкоски.

Слични содржини