ВМРО-ДПМНЕ: Власта реагираше лошо во случајот со пожарот во Кочани

од Nikola Popovski

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, катастрофалната реакција на власта во случајот со пожарот во Кочани ги загрози имотите и животите на граѓаните.

-Да биде срамот поголем додека граѓаните со голи раце ги бранеа своите домови од огнената стихија, претседателот Пендаровски им вети дека после еден ден ќе испрати хеликоптери да помогнат во гаснењето. Додека власта организира приватни забави на Мечкин Камен загрозени се животите и имотите на граѓаните, па и цели населени места, а елитата мува не ја лази. Да бевме нормална држава и да имавме доблесни функционери, утрово ќе имаше дузина оставки на директори, министри и одговорни. Но за жал не сме, објавија од партијата во партиско соопштение.

Според нив, ова што се случува ја покажува целата беда на власта на Заев, која украде 4 години од животот на граѓаните, која потроши рекордни 4 годишни буџети, а ништо не направи.

-Тоа мора да престане. Од Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори, од Заев и од СДСМ се бара одговорност, нагласуваат од најголемата опозициска партија.

Слични содржини