ВМРО-ДПМНЕ: Заев работи лошо на штета на народот

од Nikola Popovski

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ реагира на вечерашното интервју на премиерот Зоран Заев во емисијата „Топ тема“. Од таму соопштуваат дека Зоран Заев пред 2 години убедувал дека ги затворил сите отворени прашања со соседите, а сега кажува дека проблем се корењата.

„Заев тврдеше дека договорот со Бугарија е најдобар, а сега гледаме дека сака да прави нов, кој ги негира јазикот, идентитетот и историјата на Македонија. Зоран Заев работи лошо и на штета на народот. Заев кажа дека ќе ја воведе таканаречената зелена такса која ќе значи покачување на цената на горивата за нови 4.13 денари“, стои во партиското соопштение.

Партијата додава и дека „Зоран Заев работи лошо и на штета на народот и ќе собере 54 милиони евра годишно од зелената такса, а ќе остави илјадници семејства со проблеми во егзистенцијата“.

Слични содржини