Во Финска, пријавени се 32 случаи на реакција од вакцината „Фајзер“

од Nikola Popovski

Финска пријави 32 случаи на реакции на вакцината „Фајзер-Бајонтек“, вклучително и анафилактички реакции.

Според финската медицинска агенција „Филмеа“, „се забележани алергиски реакции, вклучително и анафилактична, мускулна болка, оток на лимфните жлезди, замор, главоболки, треска …“.

Од Фимеа соопштија дека нема смртни случаи поврзани со примањето на вакцината и дека немало неочекувани реакции.

Агенцијата собира податоци за вакцината од здравствените работници, но и од обичните граѓани на Финска.

Вакцинацијата во Финска започна на крајот на декември, во исто време со другите земји на ЕУ.

Слични содржини