Во Франција од денеска се бара вакцинална наместо ковид-пропусница

од Nikola Popovski

Граѓаните во Франција од денеска мора да имаат карта за вакцинација наместо претходната карта за Ковид, која сега може да ја користат само деца на возраст од 11 до 15 години, објавија француските медиуми.

Со воведувањето на таа пропусница се заострија мерките против коронавирусот, бидејќи невакцинираните повеќе нема да можат да влегуваат во зградите каде што досега беше задолжителната ковид-пропусница, за која беше доволен негативен тест, пишува весникот „Депеш“.

Текстот на законот за овие мерки беше објавен во неделата во Службен весник, а претходно за тоа зборуваше и францускиот премиер Жан Кастекс.

Вакциналната пропусница важи за граѓани од 16-годишна возраст и ќе биде неопходна за ресторани, кафулиња и за присуство на разни настани. Вакцинираните граѓани ќе можат да им покажат на властите доказ за целосна вакцинација против коронавирус доколку немаат таков вид пропусница.

Кастекс неодамна изјави дека невакцинираните лица ќе можат да добијат вакцинален сертификат веднаш штом ќе ја примат првата доза на вакцина, но под услов втората доза да биде во следниот месец.

Негативен тест ќе биде доволен за превоз со авион или воз, но под услов да патувате поради некоја итна причина, семејна или здравствена.

Слични содржини