Во име на Груби пишувал навреди на Фејсбук, пратеникот ќе го пријави случајот

од Aleksandar Todeski

Фејсбук профил со името на пратеникот од ДУИ, Артан Груби вчера објавуваше статуси со навредлива содржина кон православните христијани. Навредите беа споделувани и коментирани, но без да се забележи дека иако на името на профилот пишува Артан Груби, тој сепак е на извесен Роберт Тодороски, претседател на хуманитарна органзиација од Прилеп.

Фото: Борче Поповски

„Бидеќи ми беше злоупотребен мојот профил јавно се извинувам на целиот македонски православен народ“, пишува Тодорски, откако натписите на неговиот профил излегоа и во медиумите.

Пратеникот во изјава за Локално ја вели дека има само еден профил и една верифицирана страница на Фејсбук, а сите други кои се со неговото име се лажни и веројатно имаат за цел да залажуваат и да причинуваат штета.

„Се работи за лажно претставување од страна на извесен Роберт Тодороски кој што нема апсолутно никаква врска со мене. Јавноста знае дека подолго време сум предмет на лажни вести, пропаганда, видео, аудио и фото монтажи. Никогаш ниту би помислил такво нешто, а камо ли да кажам, за секоја осуда е оваа лудост. Ќе го пријавам веднаш во сите надлежни институции“, ни рече Груби.

Во меѓувреме, иако тврди дека бил злоупотребен неговиот профил, името на Тодороски на Фејсбук се уште стои Артан Груби.

А.Т.

Слични содржини