Во извештајот ЕК како напредок го оценува справувањето со случајот „Рекет“

од Aleksandar Petrovski

Покрај набројувањето на многуте случаи на СЈО, пресудите за Никола Груевски, Гордана Јанкулоска и раководители на ЕЛЕМ, како напредок во Извештајот на Европската комисија за Македонија се споменува и справувањето со случајот „Рекет“, наведувајќи дека како резултат на истрагата осомничени се три лица, меѓу кои и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева пренесува Слободен печат.

Исто така, се споменува дека на еден од обвинетите му е изречена казна затвор од три години , а во тек е судењето на другите двајца обвинети. Посебно се нагласува дека околу овој случај обвинет за измама и перење пари е и заменик претседателот на Собранието, Фросина Ременски.

 

 

„Во 2019 година имаше вкупно 38 осомничени и обвинети, главно за злоупотреба на службената должност во врска со повреда на постапки за јавни набавки, дивоградби или нелегална продажба на државно земјиште. На пример, 11 лица, вклучувајќи поранешен министер за транспорт, нотари, административни и јавни службеници беа обвинети за наводна нелегална продажба на државно земјиште. Проценетата загуба за државниот буџет е околу 2,6 милиони евра. Во друг случај, поранешниот лидер на политичката партија беше обвинет, заедно со 10 други главно вработени во општината, за злоупотреба на функцијата што доведе до нелегална градба, со проценета финансиска штета од 600.000 евра“, стои во извештајот на ЕК.

На крајот се додава дека вкупно 26 случаи од СЈО со 164 обвинети се префрлени во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Во напредокот се вбројува и судењето за крвавиот четврток при што се споменуваат сите обвинети, вклучувајќи ги и Митко Чавков и Сашо Мијалков.

Слични содржини