Во Куманово пронајдени 2059 пиротехнички средства, МВР приведе 35-годишен маж

На плоштадот, „Маршал Тито“ денес бил приведен 35-годишен маж од Куманово кој поседувал пиротехнички средства, информира Министерството за внатрешни работи.

Во рамки на соопштението од МВР се потенцира дека е извршен и претрес на домот на приведениот и вкупно се пронајдени 2059 парчиња пиротехнички средства.

„Против С.М. ќе биде поднесена соодветна пријава“, се додава во соопштението.

Слични содржини