„Во нападите врз Украина оштетени 32.000 цивилни објекти“

од Stefanija Kuzmanovska

Околу 32.000 цивилни објекти и повеќе од 700 витални инфраструктурни објекти се оштетени во нападите на руските сили врз Украина, изјави првиот заменик министер за внатрешни работи на Украина, Евгениј Јенјин.

Јенјин тврди дека руските сили гаѓаат цивилни цели и дека само три отсто од нападите биле врз воени цели.

Заменик министерот за внатрешни работи на Украина наведува дека има проблеми со снабдувањето со електрична енергија на околу 520 населени места, пренесува „Укринформ“.

Слични содржини