Во Неготино, денеска, градоначалникот и други претставници на општината садеа дрвца

од desk4

Во паркот кај споменикот на Манчо Малиминов, градоначалникот на Неготино и други претставници на општината денеска посадија дрвца.

Градоначалникот Горан Стојанов информираше : „Како градоначалник на општина Неготино, заедно со вработените во локалната администрација, денеска реализиравме активност за садење на садници во паркот кај споменикот на Манчо Малиминов кој е во фаза на реконструкција. По завршувањето на реконструкцијата, граѓаните ќе добијат пријатно катче каде што во одмор и релаксација ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време. Засадивме шест јапонски цреши, 40 туја смарагд, четири хибискуси, 12 туја вудвард и лаванди“.

Стојанов соошти дека садниците беа обезбедени од локалната самоуправа со буџетот на општината Неготино. Ова денешно садење на дрвца имаше цел да се разелени овој простор.

– Вакви и слични активности се планирани и во иднина, на повеќе локации на територијата на неготинска општина. Благодарност и до ,,Гарден центар Пинус” за нивното учество со донација на дел од садниците, додаде Стојанов.

Слични содржини