Во Њујорк уапсен маж кој се заканувал дека ќе го убие Трамп

од Vladimir Zorba

72-годишен маж, кој ги предупредил американските власти дека планира да го убие Доналд Трамп пред или по претседателските избори одржани во ноември 2020 година, е уапсен денеска во Њујорк, соопшти обвинителството.

Томас Велницки „свесно и намерно се заканил дека ќе го убие, киднапира и ќе му нанесе телесни повреди“ на поранешниот американски претседател, соопшти обвинителството.

Велницки, кој беше уапсен од членовите на Тајната служба, агенцијата одговорна за заштита на американските претседатели и потпретседатели, треба да биде испрашан во текот на денот.

Уапсеното лице се јавило во канцеларијата на Тајната служба во Њујорк најмалку три пати од 24 септември до 2 декември 2021 година. Тој рекол дека имал намера да го убие Трамп и побарал информации за заштита на поранешниот американски претседател, додавајќи дека поседува оружје за таа цел.

„Ќе направам се што можам за да се уверам дека е мртов“, рекол Велницки во телефонскиот разговор во кој го споредил Трамп со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

Слични содржини