Во овој хороскопски знак се родени најинтелигентните луѓе

од Берта Китинска

ИМА неколку видови на интелигенција – интраперсонална, емоционална, интуитивна, практична, перцептивна, аналитичка… Кој тип на интелигенција е поизразен зависи од тоа во кои области од животот ќе се истакне поединецот.

Аналитичката интелигенција некои ја нарекуваат и академска бидејќи овој тип на интелигенција е важен за постигнување успех за време на студиите, но и подоцна во животот, а Девицата може да се пофали со највисока аналитичка интелигенција.

Девицата е најпаметниот знак на Зодијакот бидејќи меша различни видови интелигенција. Родените во овој знак се аналитички, но и многу креативни, што ги прави исклучително добри во решавањето на проблемите. Исто така, тие се многу добро фокусирани на деталите, така што ретко што пропуштаат. Покрај тоа, Девиците се фантастични во читањето луѓе и ситуации, главно затоа што секогаш обрнуваат внимание на малите детали што другите ги пропуштаат. Имаат одлична меморија.

Нивниот најголем проблем е тенденцијата за претерано анализирање што понекогаш дури и ги доведува до опсесија. Исто така, тие имаат тенденција да се воздржуваат од споделување на своето мислење бидејќи се многу самозаштитно ориентирани.

Слични содржини