Во Парламентот седници на две комисии

од Nikola Popovski

Денеска во Собранието седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Комисијата за европски прашања.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност, која ќе се одржи во 10 часот во Сала 4 е предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, по скратена постапка.

Членовите на Комисијата за европски прашања ќе расправаат за Предлог-законот за заштита на потрошувачите, по скратена постапка, за предлог законите за зоотехника, за финансиската инспекција во јавниот сектор, за техничките барања за производите и оцена на сообразност и за измените и дополнувањата на Законот за гранична контрола.

Слични содржини