Во последната седмица од февруари, зголемен бројот на заразени од 56.4%, најголемиот број кај возрасна група од 30-39 години

Тестирани се вкупно 20.161 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 27,2% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.628 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 56,4% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 12,0 до 21,7%, просечно 17,9%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.675; 46,2%), со неделна инциденца – 271,2/100.000. Највисока неделна инциденца од 681,1/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (641,4/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=911, 25,1%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=666; 18,4%), 40-49 (n=660; 18,2%), 50-59 (n=612; 16,9%) и 20-29 (n=530; 14,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=61; 1,7%) и 10-19 години (n=188; 5,2%).

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.762 (48,5%) лица од женски и 1.866 (51,5%) од машки пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 1.766 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, идентично во споредба со минатата недела.

Пријавени се 69 смртни случаи од 20 градови, за еден случај помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 60 лицa биле над 60 години, 5 лица на возраст од 50-59 години, 3 лица на возраст од 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.

Заклучно со 28.02.2021, пријавени се вкупно 103.020 случаи на COVID-19 (I=4.978,8/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово, Прилеп, Гостивар, Штип, Велес и Битола додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Охрид, Струга и Крушево. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга.

Во поголем дел од државата се забележува зголемување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди, а позначајно зголемување на бројот на новозаболени се регистрира во Прилеп, Неготино, Крива Паланка, Валандово и Богданци.

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 7.912,3 на 100.000 жители, Скопје (7.297,1/100.000) и Штип (6.958,0/100.000), а најниска инциденца со 2.250,6 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 52.430 машки и 50.590 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 5.058,3/100.000, а кај женските 4.899,0/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,5 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 24.494 (23,8%) со инциденца од 6.390,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 6.750,5/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (18.770 заболени). Најниска инциденца од 888,7 и 1.781,3 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.034 и 4.457 случаи соодветно.

Слични содржини