Во Премиер лигата потрошени рекордни 430 милиони фунти во јануари

од Vladimir Zorba

Клубовите од Премиер лигата на Англија потрошија рекордни 430 милиони фунти за нови играчи во јануарскиот преоден рок, кој затвори вчера.

20-те клуба направија договори меѓу себе за 150 милиони фунти, што исто така е историско достигнување.

Повеќето од трансферите беа направени од „големата шестка“ – Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.

Најскапата зделка е 75 милиони фунти кои Ливерпул ги плати на Саутемптон за Вирџил ван Дајк, што е и рекордна сума за дефанзивец.

Слични содржини