Во разорниот земјотрес на Хаити загинаа повеќе од 300 лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 304 луѓе загинаа, а 1.800 се повредени во земјотресот со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди југозападниот дел на Хаити во саботата, соопштија властите, додавајќи дека земјотресот уништил бројни куќи, училишта, хотели и цркви.

Епицентарот на земјотресот бил на осум километри од градот Петит-Тру-д-Нип, кој се наоѓа на растојание од 150 километри од главниот град на карипската островска држава Порт-о-Приенс, објави Американскиот геолошки институт.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри во саботата околу 8.30 часот по локално време, беше почувствуван во Куба и Јамајка и беше проследен со серија последователни потреси.

Цивилната заштита на Хаити објави дека бројот на жртви од земјотресот се искачи на 304 загинати и најмалку 1.800 повредени. Во акциите за спасување на итните служби и населението, многумина беа извлечени од урнатините, но по многумина се уште се трага.

Слични содржини