Во Шпанија починаа 812 луѓе за 24 часа, лизгалиште не беше доволно за да ги смести мртвите

од Vladimir Zorba

Во Шпанија 6.398 лица се заразени со коронавирусот во последните 24 часа, така што вкупниот број на заразени се искачи на 85.195, соопшти утрово Министерството за здравство.

Во Шпанија досега 7.340 луѓе починале како резултат на коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Само во последните 24 часа во Шпанија починаа 812 луѓе како резултат на новиот вирус КОВИД-19.

Поради огромниот прилив на починати, неискористена зграда, позната како „крофна“ во близина на аеродромот во Мадрид, ќе биде претворена во привремена мртовечница.

Досега тие користеа лизгалиште за таа намена, што повеќе не е доволно во центарот на градот, со оглед на големиот број на смртни случаи од корорнавирусот.

Слични содржини