Во Турција најмалку тројца загинати при наводен терористички напад

од Vladimir Zorba

Три лица загинаа при експлозија на автомобил во градот Рејханли, во турската провинција Хатај, што се наоѓа на границата со Сирија.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган истакна дека според прелиминарните податоци инцидентот би можел да биде терористички акт.

– Очигледно е дека во автомобилот имало бомба. Првичните информаци од местото на инцидентот укажуваат дека тоа бил терористички напад, посочи Ердоган.

Слични содржини