ВО ЖИВО на РТС: Медицинска сестра се соблече пред камера (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Српската јавност, која вчера го следеше „Дневникот“ на Српската радио -телевизија, присуствуваше, може да се каже, на необична сцена, во програма во живо.

Имено, додека директорката на КБЦ зборуваше во живо за коронавирусот и важноста на вакцинацијата, нејзината колешка во позадина ја соблече униформата, навидум не знаејќи дека е во кадар.

Причината за соблекување на униформата не е позната, а видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи.

Многу корисници на Твитер ја коментираа оваа ситуација, погодувајќи што може да биде причината, се шегуваа или го осудуваа РТС што дозволи тоа да се случи во директен пренос.

Како што многумина коментираа, медицинскиот работник сакаше да се вакцинира во тоа време, па ја соблече униформата, а некои корисници на мрежата дури и на ова гледаа како на добар потег на јавниот сервис во согласност со кампањата за вакцинација.

Погледнете како тоа изгледаше:

Слични содржини