Претседателот на Турција Реџеп Ердоган изјави дека Турција сака НАТО да биде подготвен да и помогне на земјата , додека се бори со џихадисти од “Исламска држава” во Сирија и со курдските бунтовници во Ирак, објавенија  АП и Ројтерс.

images-cms-image-000019109

На прес-конференцијата пред да замине за Кина тој истакна и дека не e можно да се продолжи мировниот процес со Курдите, додека продолжуваат  нападите врз  Турција. Според него, политичарите, кои се поврзани со “терористички групи” не треба да имаат имунитет.

“Не е можно да продолжиме мировниот процес со оние кои се закануваат  на нашето национално единство и братство “, истакна претседателот.

Ердоган се закани дека Турција нема да попушти во борбата против тероризмот.

Нема да отстапиме во нашата борба против тероризмот, тоа е процес кој ќе продолжи со истата одлучност, појасни тој.

Шефот на државата на Турција истакна дека турски и американски официјални лица разговарале создавање набезбедна зона до турската граница со Сирија , која ќе биде чистење од присуството на џихадисти од “Исламска држава” и ќе се претвори во безбедна зона за сириските бегалци – за враќање на 1,7 милиони бегалци.

Во моментов се одржува вонредна седница на НАТО по барање на Турција.

Слични содржини