Вооружен напад во Еквадор – убиени 8 лица, а уште толку повредени

од Симе Стоиков

Осум лица загинаа, а уште осум се ранети во напад на вооружени лица врз група луѓе во еквадорскиот крајбрежен град Гвајакил, соопшти денеска тамошното Министерство за внатрешни работи

Очевидци изјавија дека вооружени мажи пристигнале во возило и отвориле оган, пренесе АП.

Како што соопштија од Министерството, две лица починале на лице место, а шест подоцна починале во здравствениот дом поради тешки повреди.

Ниту една група веднаш не ја презеде одговорноста за нападот.

Слични содржини