Возачите на камиони ќе се штитат од нелегалното уфрлување на мигранти

од desk2

Националниот координативен центар за гранично управување при Владата заедно со Стопанската комора на Македонија почнуваат координирана акција за сузбивање на нелегалното уфрлување на мигранти и бегалци во камионите на возачите од земјава кои учествуваат во меѓународниот сообраќај, од страна на трговците со луѓе, информираат од Стопанска комора на Македонија.

Целта е, како што велат, да се гарантира безбедноста на возачите, како и да се спречат несаканите последици врз функционирањето на возилата.

„Имено, сите учесници во меѓународниот сообраќај ќе добијат флаер на кој што јасно се објаснети и визуелно се претставени измамите кои ги прават трговците со луѓе злоупотребувајќи ги мигрантите и бегалците. На истиот се испишани и препораки како да делуваат возачите за да се заштитат од оваа нелегална појава. На граничните премини, исто така ќе бидат поставени и постери со идентична содржина“, информираат од Стопанска комора на Македонија.

Слични содржини