Возачот кој ја прегази девојката од Радовиш кај „Сити Мол“ призна вина

од Берта Китинска

Возачот Јордан Ѓоргиев кој предизивика сообраќајката кај „Сити мол“, а во која Викторија Николова од Радовиш го загуби животот, денеска пред судот призна вина.

„Да се чувствувам виновен и многу се каам. Свесно го давам признанието“, кажа Ѓоргиев.

Обвинетиот, на 20 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал со патничко моторно возило цитроен Ц4 по булеварот „Партизански одреди“.

Кога дошол до крстосницата со улиците „Московска“ и „Љубљанска“, каде светлосните сообраќајни знаци – семафори во тој момент биле исклучени од програм и работеле со трепкаво жолто светло, тој постапил спротивно на член 19 од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, односно иако бил должен, не обрнал внимание на пешаците на коловозот.

Спротивно и на членот 35 од законот, приоѓајќи кон обележан пешачки премин, обвинетиот управувал со автомобилот со брзина од 67,3 километри на час, што е за 17,3 километри на час поголема од максимално дозволената, со што бил оневозможен навремено да го запре возилото во случај на потреба.

Со предниот дел од возилото удрил во двајца пешаци кои поминувале по обележаниот пешачки премин. Еден од пешаците, девојка на возраст од 24 години, притоа се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место, додека другиот пешак бил повреден и пренесен во болница.

Слични содржини