ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Полицијата во Калифорнија задуши пијан човек

од Vladimir Zorba

Полицијата во сојузната држава Калифорнија објави снимка од интервенција при која 26-годишен маж од латиноамериканско потекло, Марио Ареналес Гонзалес, изгубил свест за време на полициско апсење и починал во болницата истиот ден.

Ројтерс пренесува дека снимките објавени од полицијата на округот Аламида во Калифорнија во вторникот покажуваат тројца полицајци кои доаѓаат кај Гонзалес во паркот на 19 април, му ставаат лисици на грбот откако им се спротивставил, а потоа го легнале со лицето во земја.

По пет минути Гонзалес повеќе не се движеше, а потоа полицијата започна со реанимација.

Во соопштението на полицијата во Аламида, издадено на денот на инцидентот, се вели дека дошло до физичка пресметка додека полицијата уапсила лице осомничено за учество во кражба, а кое било под дејство на алкохол.

Слични содржини