Време е и јас да се вакцинирам, рече српскиот претседател

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека наскоро ќе дојде време тој да се вакцинира против коронавирусот.

На заедничка прес-конференција со кинескиот амбасадор во Србија, Чен Бо, Вучиќ денеска повтори дека ќе биде вакциниран со вакцината, „која ќе му кажат да ја земе“.

„Сакав кинеска, но која и да ми кажат, ќе се вакцинирам“, рече Вучиќ.

Тој апелираше до граѓаните да се вакцинираат, ревакцинираат и да водат сметка по вакцинирањето.

Слични содржини