Почетна / Локално / Времен сообраќаен режим на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов

Времен сообраќаен режим на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов

Поради изведба на градежни работи за поставување на вреловод од денеска ќе биде воведен времен режим на сообраќај на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Паркот Македонија во Општина Карпош.

Како што информира Градот Скопје, времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, а ќе важи до завршување на градежните активности што ќе ги реализира Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје.

– Во месец септември, времена сообраќајна измена на режимот, ќе има и на мал дел од улицата „Јуриј Гагарин“, каде што ќе се изведува прекоп за поврзување на вреловодната мрежа. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, се додава во соопштението на скопските градски власти.

loading...