Втор крвав инцидент во Бангкок за 10 дена: Непознат напаѓач отворил оган во трговски центар, едно лице загинато (фото)

од Nikola Popovski

Напаѓач отвори оган во трговски центар во Бангкок, при што загина најмалку едно лице, а друго е повредено, во вторникот попладне.

Инцидентот се случи само 10 дена откако еден тајландски војник пукаше без контрола и уби 30 луѓе. Пукањето се случило пред козметичката продавница во трговскиот „Century Movie Plaza“.Се смета дека починатата жртва била вработен во продавница за козметички производи.

Полицијата допрва треба да го идентификува напаѓачот, но сè уште не е познато дали е приведен или не.

– Имаше пукање во Центар Плаза. едно лице загина, а друго е повредено – соопшти полицијата.

За напаѓачот е откриено дека за време на нападот испукало најмалку седум куршуми.

Слични содржини