Второто издание на фестивалот Get EXITed presents Strumica закажано за 7 септември

од Stefanija Kuzmanovska

EXIT минатата година организираше рекордни 26 настани во десет земји, природно беше да се организира такво нешто и во Северна Македонија, а чудно е што тоа не се случи порано, истакна денеска Душан Ковачевиќ, основачот и директор на фестивалската групација на EXIT.

На прес-конференцијата во српското градско собрание, претставувајќи го второто издание на фестивалот Get EXITed presents Strumica закажан за 7 септември, Ковачевиќ истакна дека гостите од Северна Македонија биле меѓу најбројните на првиот EXIT, дека секоја година доаѓаат на Петроварадинската тврдина и дека се работи за „љубовна врска која трае повеќе од две децении“.

„Беше природно и навистина е чудно што претходно не дошол EXIT таму каде што е и повеќе од добредојден, но ѕвездите мораа да се поклопат. Бевме поканети од една од најдинамичните општини во Северна Македонија, која имаше визија да го ангажира EXIT и да создадеме навистина несекојдневен настан“, рече Ковачевиќ.

Тој посочи дека EXIT, по IT секторот, е најголемиот извозник на креативната индустрија од Србија и дека за EXIT работат повеќе од 100 млади луѓе во текот на годината, а таа бројка се искачува на 5.000 до 6.000 за време на фестивалот.

Слични содржини