Вучиќ: Има група криминалци протерана од Белград која сака да работи во Скопје

од desk2

Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната вонредна прес-конференција по синоќешниот упад во РТС, одговарајќи на новинарски прашања ги спомена македонскиот премиер и, како што вели, група криминалци кои тие ги протерале, а која сака да работи во Скопје.

– Па има група криминалци од тука, од Белград, која сака да работи во Скопје. Бандити кои ние ги протеравме од тука. Од Саша Мирковиќ, Башановиќ. Сите докажани криминалци. Овој крадеше гаќи во трговски центар во Америка и така натаму. Сега е голем советник и е многу важен а за другиот не сакам ниту да зборувам – изјави Вучиќ.

Тој, претходно ги спомена предводниците на протестите во Белград како големи пријатели на Зоран Заев, како и затворската казна на Митко Чавков и двојните аршини на западните амбасади.

– Интересно е како кај нас имаат двојни аршини. За оние кои не слушнаа прашањето беше: Како е можно западните амбасадори да не го осудија, а во иста секунда ги осудија оние кои упаднаа во македонскиот Парламент?Големиот пријател на тајкуните Џилас и Јеремиќ, Зоран Заев се пофали како го осудија министерот за внатрешни работи Чавков на 18 години затвор, затоа што не ги спречил граѓаните да влезат во Парламентот. По тој принцип ние можеби би можеле да размислуваме за одговорност на министерот за внатрешни Небојша Стефановиќ што ги пушти фашистот Обрадовиќ и тајкунот Џилас да влезат внатре. Сметам дека министерот мислел дека има работа со одговорни луѓе и такво нешто нема да им падне на памет. Што се однесува до западните амбасади, јас ја очекувам поддршката од мојот народ, што работат западните амбасади нека си ја работат својата работа тоа не ме интересира – рече Вучиќ.

Слични содржини