Вучиќ ја замолил ЕУ да размисли околу забраната на увоз на руска нафта

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на самитот на Европската политичка заедница во Прага уште еднаш побарал ЕУ да ја разгледа одлуката за забрана на увоз на руска нафта во Србија.

На панелот посветен на енергијата, економската состојба и климатските промени, тој го претставил проблемот на Србија кога е во прашање одлуката на ЕУ да не ја изземе Србија од санкциите за руската нафта.

Како што дознава Танјуг, барањето на Вучиќ било силно поддржано од бугарскиот претседател Румен Радев и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, а германскиот канцелар Олаф Шолц внимателно го слушал.

Слични содржини