Вучиќ откри која вакцина ќе ја прими и во кој град

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес соопштил дека утре ќе биде вакциниран во релативното непознато место Рудна Глава со кинеската вакцина.

– Постојат неколку прекрасни села, и тоа е област во која скоро никој никогаш не оди. Би сакал да ја видам таа област – рекол Вучиќ во вечерашното гостување на телевизија на ТВ Пинк.

Според него, како што рече претходно, тој чекал да се надмине бројката од еден милион вакцинирани.

– Ќе ја примам кинеската вакцина, Синофарм – соопштил Вучиќ.

Тој посочил дека опаѓа бројот на лица заразени со коронавирус во Србија, како и бројот на луѓе кои се на апарати за дишење и дека сега е важно да се намали бројот на смртни случаи.

Вучиќ додал дека повеќе од милион луѓе биле вакцинирани, дека државата обезбедила доволно вакцини и дека се надева дека граѓаните ќе бидат вакцинирани за да можат што побрзо да се вратат во нормален живот.

Слични содржини