Вучиќ ќе оди во Брисел на средба со Борел: Нема што да разговарам со Курти

од Nikola Popovski

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјавил дека ќе оди во Брисел, каде ќе разговара со високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, но дека нема што да разговара со премиерот на Косово, Албин Курти.

„Не, нема да разговарам со Курти, нема смисла да разговарам со него. Тој зборува малку за филозофија, малку за Енвер Хоџа, малку за Марск, тоа е се. Се друго се однесува на прогонот на Србите. Ние во Србија немаме проблем да разговараме со било кој. Јас денеска ќе одам во Брисел да разговарам со Борел колку што сака, но немам намера да разговарам со Курти“, изјавил Вучиќ гостувајќи на РТС.

Високиот претставник на ЕУ, Борел објави дека ги поканил Вучиќ и Курти, на итен состанок во Брисел со цел да се најде решение и излез од актуелната криза на северот на земјата.

Борел на Твитер порача дека на сите им е потребна итна деескалација, како и нови избори на северот.

„Потребна ни е итна деескалација и нови избори на север со учество на косовските Срби. Ова е најважно за регионот и за ЕУ“, објави тој.

Слични содржини