Вучиќ со Орбан: Српско-унгарските односи на највисоко ниво во историјата

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија Алесандар Вучиќ во Белград се сретна со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, објавено е на Инстаграм профилот на „Будуќностсрбијеав“.

Вучиќ во соопштението истакна дека е „среќен што пречекал голем пријател на Србија“.

„Среќен сум што уште еднаш му посакав добредојде на големиот пријател на Србија, Виктор Орбан и што српско-унгарските односи се на највисоко ниво во историјата на нашите народи и држави“, рече Вучиќ.

Слични содржини