За 8 часа санкционирани 38 мотоциклисти во Скопје

од Nikola Popovski

Денеска (25.03.2022) во периодот од 10.00 до 18.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 38 возачи.

Од нив, шест возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, четири возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштија од МВР.

Слични содржини