За елката на Ким Кардашијан велат дека изгледа „сиромашно“

од Stefanija Kuzmanovska

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан ја покажа новогодишната елка во нејзината луксузна вила, а коментарите што следуваат под фотографиите на социјалните мрежи сигурно не се оние на кои се надеваше. Некои обожаватели на ријалити ѕвездата наведуваат дека елката изгледа „сиромашно“.

Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест го украсија дворот на нивната вила од 60 милиони долари во Калабасас, со бели светла што ги поставија на дрвјата на имотот. Поради недостаток на разни украси, многумина коментираат дека елката на Ким изгледа „сиромашно“.

Сепак, за вкусови не треба да се расправа.

Слични содржини