За првпат потврдено и во Словенија: Коронавирус кај домашно животно

од Nikola Popovski

Случај на инфекција со коронавирус кај домашно животно за првпат е потврден во Словенија, а станува збор за бел твор (на латински – mustela putorius furo) што неговите сопственици, претходно заразен, го чувале како домашно милениче, објави денес агенцијата Хина.

Заменик-шефот на Националниот ветеринарен институт на Ветеринарниот факултет во Љубљана, Урош Крапеш, рекол дека тестот потврдил инфекција со коронавирус кај бел твор што имал проблеми со варењето.

„Животното потекнува од домаќинство во кое инфекција кај луѓето била потврдена пред тоа и цело време била затворена со сопствениците, па затоа не претставува ризик за ширење на инфекцијата“, вели Крапеш.

Тој соопптил дека е познато дека покрај луѓето, коронавирусот може да зарази и творови и нивни сродни животни, како што се визон, хрчак и поретко куче и мачка.

„Кај домашните животни кои можат да бидат заразени, болеста е лесна и не претставува ризик од пренесување на луѓето“, додал Крапеш.

Слични содржини