Заболено уште едно лице од оксфордската вакцина: Дали компанијата „Астра Зенека“ е поврзана со случајот?

од Nikola Popovski

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирус на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат извештаите на компанијата, а изворите наведуваат дека двете волонтерки претрпелле сериозни невролошки проблеми.

Фирмата објави детали од истражувањето во саботата, откако се соочи со низа критики за недостаток на транспарентност кога станува збор за истражувањето.

„Астра Зенека“ го спроведува своето истражување заедно со Универзитетот во Оксфорд, а една од волонтерките се разболела претходно откако примила доза на потенцијална вакцина во јули.

Подоцна на една жена ѝ беше дијагностициран попречен миалитис, ретка болест која го погодува ‘рбетниот мозок, предизвикувајќи слабост, сензорни промени и дисфункција на автономниот нервен систем. Портпаролот на „АстраЗенека“ во изјава за медиумите подоцна објави дека волонтерката имала недијагностифицирана мултиплекс склероза, па истражувањето продолжи.

Другата волонтерка имала компликации откако прими доза на вакцина во септември. Астра Зенека не ја потврдила нејзината дијагноза, но извор за „Њујорк Тајмс“ исто така вели дека станува збор за попречен миалитис.

Испитувањето повторно беше паузирано на 6 септември, откако друга жена се разболе, но продолжи во Велика Британија, Бразил, Индија и Јужна Африка, помалку од една недела подоцна. САД, сепак, сè уште не дадоа зелено светло за да продолжат со тестирањето.

„Астра Зенека“ која им ја дала вакцината на околу 18.000 луѓе ширум светот, во внатрешните документи вели дека двата случаи на заболување „веројатно не биле поврзани со вакцината или дека нема доволно докази и не може со сигурност да се каже дека болеста е поврзана со вакцината“.

Попречен мијалитис важи за сериозна и ретка болест и нејзиното појавување меѓу учесниците во испитувањето би можело да доведе до губење на трката за вакцина против ковид-19 на „АстраЗенека“.

Компанијата во развојот на вакцина користи аденовирус кај мајмуни што дели ген со ковид-19, а тоа е непроверен метод за Кирил Дмитриев, извршен директор на Рускиот фонд за директни инвестиции кој го финансираше развојот на руската вакцина „Спутник V“.

Слични содржини