Заев: Ако го загубиме Охрид, ќе нема туризам

од Nikola Popovski

„Процесот не оди глатко, но градиме и го поздравуваме потегот на општина Охрид за рушење на дивоградбите и бетонските платформи на плажите“, изјави денес премиерот Зоран Заев од собраниската говорница, зборувајќи за ситуацијата во охридскиот регион.

Тој исто така го поздрави и почетокот на рушење во општина Струга.

„Не можеме да развиваме филозофии од нашите посети на морињата и езерата во другите земји, ако не ги почитуваме правилата на УНЕСКО . Мораме охридскиот регион да го зачуваме. Парламентите и граѓаните заслужуваат да го поздрава рушењето на дивоградбие. За жал, сме исправени пред одлуката дека можно е Охрид и Охридското езеро да бидат ставени на листата на загрозено културно наследство. Ако еднаш го загубме Охрид, ќе нема туризам. Потфрливме во минатото, но дека има факти и се работи од 2017 година на сочувување на регионот, тоа е така“, рече Заев и додаде дека со албанскиот премиер Еди Рама зборувале на оваа тема,за заедничка заштита на Охридското езеро.

Слични содржини