Заев е народски и храбар човек, вели Николовски

од Nikola Popovski

Не знам што опозицијата подразбира под заевизам. Веројатно тоа е синтагма од времето на Груевски. И целата кампања на ВМРО-ДПМНЕ ми се чини, оправдано или не, со иста пи-ар стратегија да го сменат Заев и СДСМ од власт. Заев заминува со маани и предности, вели новинарот Љубиша Николовски во емисијата „Само вистина“.

Според него, граѓаните немаат фоторобот, за кој што сите ќе се согласиме дека некој политичар е идеален, убав, паметен, професор итн.

-Заев беше народски човек, не криеше од каде доаѓа. Имаше и позитивни особини. Мислам дека беше отворен и знаевме со кој имаме работа. Јас лично почитувам кога знам кај ме води и што ја очекувам. Влезе храбро во време на избори. Тоа беше храбар потег во време кога сакаш да оствариш власт, рече Николовски.

Слични содржини