Заев: Играјте од душа и донесета ја големата радост во Република Северна Македонија

од Берта Китинска

„Играјте од душа и донесета ја големата радост во Република Северна Македонија“, преку видео порака премиерот Зоран Заев им даде поддршка на македонските фудбалери кои вечерва го играат историскиот меч во Тбилиси.

„Вечерва нашите фудбалски јунаци ќе истрчаат на теренот во Тбилиси со една желба – да докажат дека се генерацијата која за првпат ќе ја однесе македонската фудбалска репрезентација на Европското фудбалско првенство. Им посакувам овој ден да го запишат со златни букви во историјата на македонскиот фудбал и да бидат запаметени како спортски херои. Убеден сум дека ќе дадат сѐ од себе и дека денеска сите ќе се радуваме на победа“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Слични содржини