Заев: Името на ФФМ ќе се реши според Преспанскиот договор и правилата на УЕФА

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев изјавил дека веќе го покренале конкретниот аспект со Фудбалската федерација на Македонија и во наредниот период ќе го решеле прашањето врз основа на Договорот од Преспа и правилата и традицијата на европската фудбалска федерација УЕФА.

„Цела Европа знае дека нашата фудбалска репрезентација ја претставува Северна Македонија на шампионатот. Иако федерацијата не е државна установа, националнот тим е како секаде во светот. Затоа треба да биде јасно на сите нивоа дека тоа е националниот тим на Северна Македонија, без разлика на иницијалите на федерацијата на дресот“, изјавил Заев во писмена изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА и грчката државна телевизија ЕРТ.

Тој додал дека „имплементацијата на Договорот од Преспа е работа во тек и нашата цел е постепено да најдеме решенија со соседите кои го спроведуваат Договорот и да нè придвижат напред врз основа на соработката и взаемното почитување“.

ФФМ нема обврска да го почитува договорот од Преспа, соопштија од министерството за надворешни работи, откако грчкиот министер за спорт, Лефтерис Авгенакис поднесе жалба до претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, поради кратенката ФФМ која стои на македонските дресови.

Фудаблската Федерација на Македонија како независна институција не добива пари од државата и не мора да го користи терминот „Северна“, па УЕФА во официјалниот одговор до жалбата на Грците потенцира дека нема да дозволи да стана платформа за пренесување на политичка порака.

– УЕФА го користи името „Фудбалска федерација на Северна Македонија“ во официјалната комуникација и тоа е адаптирано во официјалната терминологија за ЕУРО 2020. УЕФА потенцира дека нема да дозволи европскиот фудбал да стане платформа за пренесување било каква политичка порака и ќе продолжи да ја брани својата политика на неутралност, што е осигурана во статутот, – гласи одговорот на УЕФА до министерството за Спорт на Грција и дополнува.

– Во овој случај, Република Северна Македонија е пријавена дека ќе игра на фудбалскиот турнир со кратенката „ФФМ“ на својот дрес, односно иницијалите на Фудбалската Федерација која го нема променето името според Преспанскиот договор. Исто така, во телевизискиот пренос и кратенката ќе се користи кратенката „МКД“ за Република Северна Македонија, – велат од УЕФА.

Слични содржини