Заев: Инспекторите за Пауновски имаа пофални зборови, нивните аргуметите ќе бидат презентирани на владината седница

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев изјави дека аргументите кои денеска ги споделиле вработените од Државниот инспекторат ќе бидат презентирани на владината седница.

-Имавме средба со тројца вработени од инспекторатот, луѓето имаа пофални зборови за својот директор и ги споделија важните информации и нивните аргументи денеска ќе бидат презентирани на владината седница, изјави Заев.

Тој не откри дали ќе остане на ставот кој во јавноста го соопшти.

-Сакам во детали да ги прочитам материјалите пред одлуката на разрешувањето на Пауновски. Не се колебам, но не би било чесно да не ги погледнам аргуметите по кои владата ќе одлучи, изјави Заев.

Тој напомена дека вработените на средбата вработените кажале дека тој е добар човек, кој унапредил многу вработени.

Слични содржини