Заев: Инспириран сум од Макрон, Франција може да биде мотор на проширувањето на ЕУ

од Nikola Popovski

Вечерва имаме историски важна работна посета во Париз, на покана на Претседателот Макрон, објави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

Тој нагласи дека е инспириран од една изјава на Макрон пред студентите во Сорбона, во која порачал дека во Европа лежи нашиот идентитет и дека Европа ни дава иднина.

„Силно верувам, дека Франција може да биде мотор на проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан“, потенцира Заев, додавајќи дека за нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време.

Од владината прес-служба попладнево информираа дека во состав на владината делегација се и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Слични содржини