Заев: Ќе бидеме влада која посветено ќе работи на домашните предизвици

од Берта Китинска

Мандатарот Зоран Заев, при посетата на Македонска Каменица каде се одбележува Денот на рударите во Македонија, изјави дека новата влада во наредните четири години попосветено ќе работи на внатрешните предизвици во земјата.

-Прво за тоа што ќе работиме е почетокот на училишната година и отворањето на градинка, стартот на четвртиот сет мерки платежни картички за пензионерите, стечајните работници..дивоградбата пред  Мавровка, законите кои не поминаа во Собранието поради одлагањето ќе се обноват,  ќе се намали  старосната граница за  пензија, фондот е стабилизиран и дава таква можност. Ќе бидеме влада која ќе биде посветен на домашните предизвици во земјата, изјави Заев.

Слични содржини