Заев: Нема простор за сомнеж дека се злоупотребени средства од Светска Банка

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека нема простор за сомнеж за злоупотреба на средства од Светска Банка, за модуларните болници.

-Апсолутно не. Ни малку не се сомневам. Нема да коментирам, истрага е нормално. Благодарни сме што Светска Банка излезе со ваквите флексибилни алатки навремено за многу земји, така и за нас и да можеме проактивно да реагираме кога граѓаните беа блиску до можноста да останат пред паркинг просторите пред Инфективната клиника. Потоа во инфективните клиники ширум државата да направиме модуларни болници кои се поставуваат времено заради прифат на граѓаните позитивни на ковид и обезбедување на доволни места, апсолутно спецификацијата е таа која е направена, таа е иста спецификација што ја има насекаде во светот, не е ништо поразлично, ја има во многу земји каде ги има истите спецификации и проекти и така е спроведена, со тоа што секако и самата имплементација е така реализирана, посочи Заев.

Тој останува на ставот дека ќе ги чека резултатите од истрагата, па потоа ќе донесе одлука дали ќе ги прифати оставките на министерот за здравство, Венко Филипче и директорите на тетовската болница.

Слични содржини