Заев: Немаме ништо против датумот на изборите да биде 17-ти октомври

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев денеска кажа дека нема ништо против датумот на изборите да биде 17-ти октомври.

„ И претходно сме менувале датум за избори преку законски измени, како во 2004 и 2017 година, но Уставот не е прекршен. Колку што знам Уставниот суд тоа не го оцени како прекршување Треба да ја прашаме и опозицијата која треба да биде задоволна со датумот на избори. Ако каже опозицијата 17-ти, и ако сите се согласат, тогаш ние ќе бидеме ОК“. Следнито викенд е 24-ти, и 31-ви, тие се опциите за октомври“, изјави Заев.

Слични содржини