Заев: Оние кои ќе сакаат да им се приклучат на победниците, ќе треба да ги прифатат принципите

од Берта Китинска

СДСМ и Движењето БЕСА денеска во 12 часот во Музејот на современа уметност го официјализират предизборниот договор за заеднички настап на парламентарните избори на 12 април.

Во заедничката изјава за Декларацијата за заеднички настап на СДСМ и на Движењето БЕСА, се потенцира дека таа се потпишува во духот на градење доверба и заедничка европска иднина и почитување на граѓанските вредности, идентични на европските вредности.

На прес-конференција на Заев и Касами, беа поствени прашањата за изборните листи.

Билал Касами, запрашан дали ќе биде носител на шестата изборна едница, одговори дека за кадровските проемени ќе има договор. И дека на листите ќе бидат ставен најдобрите кандидат од партиите.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на новинарското прашање дали досега имале уцени од албанските политички партии одговори:

-Нема да дозволиме да бидеме уценувани и нема да прифаќаме непринципиелни преговарања и договарања. Оние кои ќе сакаат да им се приклучат на победниците, ќе треба да ги прифатат нашите принципи, изјави Заев на денешната пре-конференција.

Слични содржини