Заев во судски спор со Божиновски: „Се поминаа границите на клевета, очекував извинување“

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев денеска се појави во Основниот суд Скопје 2, поради рочиште со Зоран Божиновски, откако поднесе тужба против новинарот поради клевета.

„Кога ќе се поминат границите неколкупати да сте келеветени, да сте навредувани, пред се на лични чувства, кога вашите деца се исправени да ве прашат зошто некој ве кажува дека сте дел од рекет акција, дека сте од криминална група. а после тоа дури и на политичката  функција која што ја извршувате еден ден, треба да кажете стоп и да поднесете тужби, само така можеме во државата да одмериме до каде е дозволиво газењето на чувствата на граѓаните, вклучително и на мене како претседател на Владата“, изјави Заев.

Според него, тој очекувал да добие извинување, меѓутоа не го добил, па поради тоа го остава судот да одлучи понатаму.

Заев го тужи Божиновски за клевета, по објавен фејсбук статус во кој новинарот открива наводен рекет од 60 милиона евра кој го зеле премиерот и тогашниот вицепремиер Кочо Анѓушев.

Слични содржини