Захариева: Руската шпионска мрежа во Бугарија претставува закана за евроатлантската заедница

од Nikola Popovski

„Дејствата на руската шпионска мрежа во нашата земја се закана за целата евроатлантска заедница. Потребен ни е постојан и реален пристап кон Русија и мора да ги браниме нашите вредности – слобода, демократија, владеење на правото, човекови права “, изјавила бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева пред своите колеги од НАТО.

Таа учествувала на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата во Брисел. Ова воедно била и прва средба со учество на новоименуваниот државен секретар на САД Ентони Блинкен, соопштило Министерството за надворешни работи.

Во фокусот на дискусијата биле односите со Русија, бидејќи обелоденувањето на мрежата за нерегулирано собирање информации во корист на Москва, која работи на територијата на Бугарија, станала една од централните теми на агендата.

„Им благодарам на сојузниците и на генералниот секретар Јенс Столтенберг за изразената јавна поддршка за работата на бугарските агенции за спроведување на законот“, рекла Захариева. Таа додала дека Бугарија ќе продолжи да ги спречува сите обиди за злонамерно мешање во нашите внатрешни работи.

Захариева ги известила своите колеги дека треба да прогласат уште двајца руски дипломати за персона нон грата за дејствија некомпатибилни со Виенската конвенција за дипломатски односи.

Слични содржини